Автомобилизам

Ленд Ровер Дифендер со В8 мотор од Корвета

И додека во Ленд Ровер ја привршуваат приказната со развојот на Дифендер од новата генерација, интересот за претходните верзии не стивнува.

Огромен е бројот на ентузијасти кои од основните верзии на Дифендер со позајмување на мотори од други производители прават вистински чудовишта на четири тркала.

Зад оваа интересна автомобилска креација стои американската тјунинг компанија Хималаја, лоцирана во гратчето Нентакет, на истоимениот остров.

Хималаја го нарече проектот Spectre 110 Crew Cab. Тоа е проект во кој не се штедело. Кабината е комплетно луксузно редизајнирана до најмалиот детаљ, вклучително и користење на Рекаро спортски седишта.

Суштината на овој проект е тоа што под хаубата е поставен 6,3 литрен мотор од Корвета со моќност од 530 кс.

Преносот на силата на моторот е преку автоматски менувач со 6 степени на пренос.

Spectre 110 Crew Cab е еден од четирите Ленд Ровер модели што Хималаја ги има преработено.

 

Слични написи

Мик Шумахер оди по стапките на својот татко

Biba

Porsche ја слави десетгодишнината од производството на Panamera со специјално издание

admin

Валхала е името на новиот хиперавтомобил на Астон Мартин

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.