Забава

Како да поминете интересно и корисно време на интернет

Интернетот е најголемиот и најбрзиот извор на информации што ни е достапен во секое време и може да биде многу корисна алатка ако се користи правилно. Наместо бесмислено да скролате низ Фејсбук и Инстаграм кога ви е досадно, искористете го тоа време продуктивно, за да научите нешто ново или барем да се забавувате. Прочитајте неколку препораки како да го поминете интересно и корисно времето поминато пред компјутер.

  1. Научете нешто ново. Интернетот е полн со веб-сајтови, апликации и онлајн курсеви кои бесплатно нудат знаења и вештини. Вие само треба да изберете што ве интересира: да научите нов странски јазик, да стекнете некоја компјутерска вештина, да видите како се сади зеленчук или цвеќе, како правилно да се грижите за домашниот миленик, да ги научите правилата на некоја спортска дисциплина, да научите да готвите… изборот е бесконечен.
  2. Организирајте се. Сите тие фајлови што ви го преполнуваат десктопот и ви прават хаос може да ги средите и организирате во посебни папки. На пр., направете една папка за фотографии и организирајте ја по датуми, месеци или години и во неа распоредете ги сите слики што ви зафаќаат простор на десктоп или ја полнат меморијата на мобилниот телефон.
  3. Информирајте се. Интернетот ви нуди безброј информативни веб-сајтови и на македонски и на други јазици за да бидете во тек со сите општествени случувања. Во денешно време е срамота човек да не знае што се случува дома и во светот или барем да биде информиран за поголемите и поважните домашни и светски настани.
  4. Прошетајте го светот. Апликациите Google Earth и Google street view ќе ве однесат буквално каде и да посакате на планетава. Ајфеловата кула, пирамидите во Египет, Кинескиот ѕид, Рио де Жанеиро, Хаваи… само замислете каде сакате да одите и ќе бидете таму со неколку кликови на глувчето.
  5. Одберете хоби. Можеби правите добри фотографии, вешти сте во рачни изработки (накит, оригами, украси, честитки), убаво цртате, изработувате видеа, создавате музика, учите програмирање и изработка на веб-сајтови… Интернетот нуди безброј идеи за хобија кои може да ги практикувате во слободно време.
  6. Заработете дополнително. Освен преку споменатите хобија, интернетот нуди многу големи можности да заработите екстра приходи со веб-дизајн, графички дизајн, да се поврзете со луѓе со слични интереси заради црпење идеи, да промовирате ваши производи и да ги продавате онлајн.
  7. Читајте книги. Постојат многу инернет-страници кои овозможуваат онлајн читање или бесплатно преземање е-книги. Можете, исто така, да го искористите интернет и за да истражите кои книги би биле интересни за вас, да бидете во тек со новите изданија на вашиот омилен писател, да најдете препораки што да читате и што не, и да пребарувате други информации поврзани со книгите.
  8. Гледајте документарци и едукативни содржини. Ова е одличен начин да ги надополните вашите знаења за која било област, да научите нешто ново  и да станете попаметни.
  9. Пишувајте блог. Ако мислите дека не сте многу вешти во изразувањето, водењето блог може многу да ви помогне да ги развиете пишувачките способности. Проза, поезија, личен дневник, може да пишувате за сè што сакате, да ги пренесете вашите мисли и идеи за најразлични теми и на тој начин да го вежбате критичкото мислење.

Слични написи

Мачорот кој ги предвидуваше резултатите од Мундијалот си најде дом

admin

Оптичка илузија ви открива дали сте романтични или склони кон изневерување

Biba

Сите бои на Johnnie Walker

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.