Забава

Сите бои на Johnnie Walker

Секогаш кога влегуваме во продавница за алкохол и одиме во делот на вискијата, наидуваме на Johnnie Walker со етикети во различни бои. И тука настанува дилемата каков да земеме, која од етикетите да ја одбереме.

Добро е да се знае дека секоја од боите на етикетите на Johnnie Walker има различно значење.

Johnnie Walker е едно од најпродаваните вискија на светот. Основан е далечната 1820 година и од тогаш им дава задоволство на љубителите на доброто виски. Да напоменеме дека сите вискија од дестилеријата Johnnie Walker создаваат blended виски, што значи дека се добива со мешање на single malt со дури 40 различни вискија кои доаѓаат од сите делови на Шкотска.

Бројката што ја има на етикетата ја означува годината на старост на најмладото виски што се става во мешавината. Значи останатите во миксот се постари вискија.

Според бојата на етикетата, во продажба може да се најдат 6 верзии на Johnnie Walker. Почнувајќи од најевтиниот со Red Label, до најскапиот Blue Label.

Еве неколку објаснувања за боите на етикетите и нивното значење.

Red Label

Ова виски е основното и ценовно најевтиното. Се создава со мешање на single malt и 35 различни житарки. Во него влегуваат темни вискија од западниот и светли од источниот брег на Шкотска.

Black label

Тоа е виски создадено со мешање на 40 видови на виски и претставува бленд со најмногу видови во него, секој минимум 12 години стар, и заради тоа е поквалитетно од Red Label.

Double Black label

Претставник е на истата група како Black Label само со малку појак вкус.

Green Label

Во него се наоѓаат најдобрите мешавини од сите четири региони на Шкотска. Во него влегуваат вискија кои се минимум 15 години стари и реткост е да се најдат во слободна продажба.

Gold Label

Претставува мешавина на минимум 15 видови на виски кои се барем 18 години стари.

Blue Label

Тоа е врвот на Johnnie Walker. Само најдобрите и најстарите вискија имаат чест да ја носат сината етикета. Мајсторот сам одбира кои типови ќе ги меша за да го постигне вкусот на Johnnie Walker од почетокот на XIX век.

Покрај стандардните етикети, Johnnie Walker понекогаш се појавува со вонсериски етикети како KIng George V Blue Label или Premier кој се продава само во Јапонија.

Слични написи

Во Канада е пронајден дијамант од 552 карати

Biba

Американецот Колин О’Брејди е првиот човек што сам го поминал Антарктикот

Biba

Крвната група го открива темпераментот на жената

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.