Забава

Крвната група го открива темпераментот на жената

Кога станува збор за темпераментот, тоа често подразбира комбинација на психолошки карактеристики: длабочина и стабилност на емоциите, енергија на дејствување, индивидуални карактеристики на однесување… итн. Јапонците и Корејците се придржуваат до теоријата која ги поврзува темпераментот и цртите со крвната група на една личност.

Која е вашата крвна група? Немојте да се изненадите ако анализата во овој текст се покаже како многу точна.

Патем, во Јапонија, крвната група сè уште се зема предвид при вработување.

0 крвна група

Жените со оваа крвна група се прилично себични. Тие се многу љубоморни и страсни во односите со мажите. Доминантни и силни личности. Овие претставнички на понежниот пол се трудат во сè да ги контролираат своите партнери, па тешко на мажот кој ќе се обиде да ја изневери.

Овие жени брзо стануваат рамнодушни кон смирените и слаби партнери. Треба да се напомене дека меѓу успешните деловни жени и познати личности доминираат жените со оваа крвна група.

Од своите мажи очекуваат среќа, задоволство и нежност. Како сопруги, тие владеат од позадина и често земаат активно учество во градењето на кариерата на својот сопруг. Како мајки, тие се пријателски настроени кон своите деца, а сопствените амбиции ги остваруваат преку своите сопрузи и деца.

А крвна група

Оваа крвна група ја имаат жените кои се карактеризираат со трпение и смиреност. Многу често се сметаат за несебични, друштвени и многу дисциплинирани. Пред сè, овие жени ја ценат уредноста и удобноста. Тие секогаш се стремат кон решавање на проблемите без конфликт.

Но, носителите на оваа крвна група се многу тврдоглави, а понекогаш и раздразливи. Често се гледаат себеси како подредени.  Во љубовните врски се многу срамежливи.

Го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Сепак, поради нивната емотивна и чувствителна природа, тие ги откриваат своите чувства дури кога ќе бидат целосно сигурни дека нема да бидат измамени и повредени. Како сопруги се идеални. Жената со крвна група А е мајка која се грижи и ги поддржува своите деца, но има и високи очекувања од нив.

Б крвна група

Овие жени се карактеризираат со флексибилност на карактерот: многу добро ја поднесуваат осаменоста, но и во голем тим се чувствуваат како риба во вода. За разлика од првите две крвни групи, тие не сакаат да бидат лидери или да бидат подредени. Но, многу добро знаат како да искористат различни ситуации, а притоа да ја задржат својата независност.

Таквите жени добро се снаоѓаат во општеството. Сакаат да флертуваат. Не треба да чуди фактот што имаат многу пријатели од спротивниот пол.

Во љубовта очекуваат нежност и задоволства, среќа и верност, како и постојано внимание од партнерите. Во врските се малку напорни и недопирливи, па затоа потешко се одлучуваат за брак. Инаку, кога ќе стапат во брак и ќе станат мајки, тие се многу лојални и посветени.

Крвна група АБ

Претставничките на оваа крвна група се многу чувствителни и избалансирани. Тие се многу тактични, учтиви и искрени. Во исто време, на овие дами им е многу тешко да донесат какви било одлуки: буквално се растргнати од сомнежи и внатрешни конфликти. Таквите жени често се сакани. Во љубовните врски се многу искрени.

Обожаваат мажи со авантуристички дух, но во љубовта уживаат само додека им дозволуваат да останат мистични. Како мајки, тие се многу попустливи со децата, нежни се и не сакаат да им наредуваат. Успешно наоѓаат мерка колку можат да бидат пријатели со своите деца.

Слични написи

Првиот мјузикл за деца во Македонија

admin

Креативност на дело – спакувајте ги подароците за Нова година со обичен весник

Biba

Зошто ги гризете усните кога слушате музика што ви се допаѓа или додека танцувате

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.