Убавина

Зошто предвреме ни побелува косата?

 

Еден од првите знаци на стареење кај човекот е побелувањето на косата. Меѓутоа, седата коса не секогаш е знак на старост. Отсекогаш убавата и негувана коса била рефлексија на човечката сила, здравје и убавина. Но, таа е прва што ќе ја открие нашата возраст, бидејќи седата коса е еден од најзабележливите знаци на стареење.

Сигурно се прашувате зошто косата мора да побели. Седата коса се јавува како резултат на намалување на пигментот во влакното. Целосно белата коса не содржи пигмент. Природната боја на косата е резултат на пигментот наречен меланин. Тоа е истиот пигмент кој е заслужен и за бојата на очите и кожата. Природната боја што ќе ја имаме во текот на животот зависи од распоредот, количината и видот на меланин во средниот слој и во обвивката на влакното.

Во косата има само два вида пигменти, темен и светол. Она што треба да го знаете е дека косата обелува поради недостаток на мелани во фоликулите на косата, велат експертите. Генетиката тука има голема улога. Ако вашите родители побелеле на рана возраст, голема е веројатноста и вас да ви се случи тоа. Ако никој во вашето семејство не побелел рано, а вие имате многу бели влакна, тогаш причината може да биде недостаток на витамин Б12. Експертите не се сигурни зошто е тоа така, но нивото на витамин Б12 може да го проверите преку лабораториски анализи. 

Друга причина за рано побелување на косата е стресот. Докажано е дека честото изложување на стрес предизвикува косата рано да почне да побелува и да паѓа. Стресот го зголемува нивото на кортизол, што доведува до зголемување на бројот на слободните радикали, оштетување на фоликулите и клетките кои произведуваат пигмент на косата.

Косата никогаш не може да ја врати својата природна боја и покрај различните рецепти за „магични“ лекови кои можат да се најдат на интернет. Сепак, може да ги преземете сите чекори неопходни за да се заштитите, како на пример здраво да се храните, да бидете редовно физички активни и да не се изложувате непотребно на стрес. Ако не се работи за генетика, нема друго решение освен боење на косата, што од друга страна пак, ви отвора простор за експериментирање и промени по ваша желба.

Слични написи

Зошто треба да престанете да носите градник

dart

Заштитете ја кожата за време на зимскиот период

Biba

Сексот во функција на убавината

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.