Наука

Најпознати први реченици во книжевноста

Можете ли да препознаете одлична приказна само според првата реченица на книгата? Сигурно ви се случило некогаш да ве привлече роман на самиот почеток, од првата страница. Добрата прва реченица може да го заинтригира вашето внимание, да ви ја разбуди љубопитноста и да ве натера да читате понатаму. Прочитајте неколку од најпознатите први реченици на книги што ги напишале некои од најпознатите автори.

  1. „Сите среќни семејства се слични едни на други. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“ – Ана Каренина, Лав Толстој
  2. „Далеку во неистражената и изолирана периферија на една зафрлена област на западниот спирален крак на галаксијата, се наоѓа малечко, неугледно жолто сонце.“ – Автостоперски водич низ галаксијата, Даглас Адамс
  3. „Викајте ме Ишмаел.“ – Моби Дик, Херман Мелвил
  4. „Многу години подоцна, пред стрелачкиот вод, полковникот Аурелијано Буендија ќе се сети на она далечно попладне кога татко му го однесе првпат да види мраз.“ – Сто години самотија, Габриел Гарсија Маркес
  5. „Задоволство беше да се пали.“ – Фаренхајт 451, Џорџ Орвел
  6. „Вие не ме познавате, освен ако не сте ја прочитале книгата насловена ’Авантурите на Том Соер‘.“ – Авантурите на Хаклбери Фин, Марк Твен
  7. „Општо признаена вистина е дека на богат неженет човек му е потребнa сопруга.“ – Гордост и предрасуда, Џејн Остин
  8. „Сите деца, освен едно, растат.“ – Петар Пан, Џејмс Бари
  9. „Господин и госпоѓа Дарсли од Привет драјв бр.4 со гордост можеа да кажат дека се совршено нормални, ви благодарам многу.“ – Хари Потер и каменот на мудроста, Џ. К. Роулинг
  10. „Во дупка во земјата живееше хобит. Не во гадна, валкана, влажна дупка исполнета со црви и застоена миризба, ниту пак сува, гола песочна дупка во која нема на што да се седне или да се јаде; тоа беше дупка за хобит, а тоа значи удобност.“ – Хобит, Џ. Р. Р. Толкин

Слични написи

Сонцето поминува низ циклуси, а во моментов е во фазата на голем соларен минимум

Biba

Ни се случува ли “климатски апартхејд”?

Biba

Минатата година океаните и морињата беа најтопли откако се врши мерење

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.