Љубов и секс

Еволуција на интимната фризура низ времињата

 

Денешните жени, кога е во прашање совршеноста на нивната интимна фризура, се во состојба да издржат сè – од епилација, болна депилација со восок, бричеви, најразлични креми. Можат да одберат каква интимна фризура ќе имаат, дали тоа ќе биде природен изглед, стилизирана интимна фризура направена со тример или пак ќе ги симнат сите влакненца од тој дел.

Жените ги депилираат интимните делови уште од периодот на Древниот Египет, 3000 години пред Христос. Тоа било време кога се преферирало тело без влакна, а за нивно отстранување се користеле бричеви од бронза или остри камења. Жените од Египет меѓу првите почнале да користат шеќерна паста за симнување на влакненцата.

Жените во Стара Грција пак, не користеле паста туку влакненцата ги корнеле поединечно.

Во средниот век поради епидемија на Pediculosis pubis (пицајзли) се препорачувало бричење на таа регија.

Во четириесеттите години од минатиот век бикинито станува мода и жените почнале да го средуваат тој дел од телото според линијата на бикинито. Овој тренд траел до шеесеттите-седумдесеттите години на минатиот век, кога почнал да се практикува трендот на природно тело според кој на телото ништо не се менува или отстранува.

Деведесеттите години од минатиот век се период на практикување на бразилска депилација, што значи дека се отстрануваат комплетно сите влакненца од интимниот дел.

Денес, кога станува збор за интимната фризура, се практикува сè – од природен изглед до бразилска депилација.

 

Слични написи

Трикови за да го освежите вашиот сексуален живот

Biba

Постара жена и помлад маж – може ли оваа врска да опстане?

Biba

Неколку навики кои дополнително ќе ја зајакнат вашата врска со партнерот

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.