Љубов и секс

Трикови за да го освежите вашиот сексуален живот

За да внесете малку динамика и возбуда во сексуалниот живот не секогаш треба да инвестирате куп пари. Некогаш е доволна малку креативност и желба за истражување. Ова може да ви се најде како практично во деновите што следат.

  • Пробајте нови работи. Пробајте да внесете нови работи во сексот. Доколку го практикуваме секогаш исто и не внесуваме новини или различни работи, знае да се претвори во рутина и да стане прилично досаден, што никако не сакате да случи. Запрашајте се што ви недостасува во сексот, размислете и имајте на ум дека опциите се неисцрпни. Умот е моќна алатка.
  • Секс без оргазам. Можеби звучи парадоксално, но пробајте некогаш со партнерот да имате секс без да се доведете до оргазам. Едноставно експериментирајте и пролонгирајте го моментот на оргазам. Тоа ќе ве води да измислувате разни начини да се чувствувате возбудено и да се концентрирате на задоволството, а не само на оргазмот.
  • Дишење. Кај сите луѓе, без разлика дали се мажи или жени, дишењето во текот на сексот се забрзува. Контролата на дишењето во текот на сексот е една од најважните техники на контрола на задоволството. Правилното дишење ви овозможува да ја зачувате енергијата и вистински да се опуштите. Длабоко вдишете неколку пати и следете ја ситуацијата.
  • Самозадоволување со партнерот. Размислете да го вклучите партнерот во процесот на мастурбирање. Мастурбирајте заедно. Тоа може да ви помогне дополнително да се поврзете со партнерот и уште повеќе да се опуштите. Откријте дали оваа сексуална техника ве возбудува и двајцата. Исто така ќе ви помогне да создадете удобност и врска со вашето голо тело.
  • Еротска масажа. За многу жени масажата претставува одличен начин на опуштање и одлична предигра. Масло за масажа и вештите раце на вашиот партнер е потребно за да ве опушти и подготви за прекрасен сексуален однос исполнет со задоволство.

Слични написи

Редовното трчање го подобрува сексуалниот живот

admin

10 знаци дека имате совршен сопруг

dart

Колку време им треба на жените за да доживеат оргазам

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.