Гастрономија

Домашна пикантна салца

 

Потребни состојки:

2 чили пиперчиња исчистени од семките и исечкани

1 чешне лук ситно исечкано

1/2 главица кромид ситно исечкана

сол и бибер

450 г патлиџани исечкани на ситни парчиња

2 лажици сок од лимон

1 лажица маслиново масло

1/2 чаша ситно исечкан коријандер (или магдонос)

Начин на подготовка:

  1. Во длабок сад ставете ги пиперчињата, лукот, кромидот, половина лажичка сол и 1/4 лажичка бибер.
  2. Додајте ги патлиџаните, сокот од лимон, маслиновото масло и нежно измешајте сè.
  3. На крај додајте го коријандерот и сервирајте ја салцата со чипс, препечен леб, како салата или гарнир.

На здравје!

 

Слични написи

Печени пиперки во сос од лук

Biba

Колач со праски и крем

Biba

Детокс супа

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.