Гастрономија

Колач со праски и крем

 

Потребни состојки:

Tесто:

  • 6 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 6 лажици брашно
  • 2 лажици млеко
  • 1 прашок за печиво
  • околу 1 кг праски (свежи или конзервирани)

Фил:

  • 1 л битолско млеко
  • 9 лажици шеќер
  • 3 пудинзи од ванила
  • 400 г битолска павлака

Начин на подготовка:

Тесто:

  1. Најпрво поделете ги белките од жолчките во два сада.
  2. Во жолчките ставете половина од количината шеќер и матете до побелување на смесата, па додајте го млекото.
  3. Во друг сад, со чисти маталки изматете ги белките додека не добиете снег и додајте го останатиот шеќер.
  4. Со лесни движења соединете ги двете смеси, додајте го брашно што претходно сте го просеале и прашокот за печиво.
  5. Смесата истурете ја во тава и печете во загреана рерна на 200 степени околу 15 минути. Оставете го колачот да се подизлади.

Фил:

  1. Додека тестото се лади, исечете ги праските на парчиња.
  2. Праските наредете ги врз тестото.
  3. Во сад сипете половина количина од млекото заедно со шеќерот да се загрева.
  4. Во остатокот од млеко растворете ги пудинзите.
  5. Соединете ги двете смеси и варете на умерен оган до згуснување. Смесата оставете ја настрана околу 10 минути и повремено промешувајте.
  6. Во топлиот пудинг додајте ја битолската павлака и соединете со миксер. Топлата смеса истурете ја врз наредените праски.
  7. Ставете го колачот да се лади во фрижидер најмалку 3 часа пред послужување.
  8. По желба, врз кремот може да ставите парчиња праски и шеќер во прав.

 

Слични написи

Чоколадни обланди

Biba

Малку поинаква салата со марула

Biba

Домашни корнети за сладолед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.