Психологија

Дали решавањето проблеми може да го одложи менталното пропаѓање во староста?

 

Широко е распространето мислењето дека колку повеќе го користиме мозокот, толку е помала веројатноста со текот на годините да доживееме ментални губитоци, но до кој степен е ова мислење точно?

Како што старееме, така телото и мозокот почнуваат да ја губат својата еластичност. Ова е нормален ефект од стареењето, иако, понекогаш, намалувањето на менталните способности може да биде побрзо и поголемо, и поврзано со невродегенеративни болести.

Постоечките студии сугерираат дека луѓето можат да го превенираат менталното опаѓање поврзано со стареење ако преземат одредени акции, а една од најважните е тренирањето на мозокот со поставување предизвици како што се решавање крстозборки и слични активности со решавање проблеми.

Колку е вистинита оваа идеја?

Истражувачи од Универзитетот во Абердин и Националниот здравствен центар исто така од Абердин, Шкотска, во соработка со Националниот универзитет на Ирска и Галвеј, спровеле лонгитудинална студија која го истражувала ова прашање. Водач на истражувањето бил д-р Роџер Стаф, почесен предавач на Универзитетот во Абердин и раководител на одделот за медицинска физика во Кралската болница во Абердин.

“Многу често се тврди дека ангажирањето со активности е важна димензија за успешно стареење, со акцент на задржување на интелектуалната функција во повозрасната доба, така што теоријата “користи го мозокот или ќе го загубиш” е веќе воспоставен факт во когнитивното стареење”, пишуваат авторите на студијата.

Целта на истражувањето била да се преиспита ова тврдење преку анализирање на ефектите од ангажирање во активности врз перформансата во решавање когнитивни тестови и како таа се одразува на подоцнежната возрасна доба.

Истражувачите најпрво анализирале податоци за 498 испитаници кои биле родени 1936 година и направиле тест на интелигенција кога имале 11 години, во 1947 година. Потоа, кога испитаниците имале околу 64 години, дале информации за нивната историја на образование и ментални способности. Ова на истражувачите им послужило како појдовна основа.

Сите испитаници во текот на следните 15 години, во пет наврати, правеле дополнителни тестови со кои се проценува меморијата, брзината на ментално процесирање и други мерки на когнитивно функционирање. Биле вклучени тестови на замена на цифра со симбол, аудитивно-вербални тестови на учење, проценки во мерење на интересот на учесниците за читање и решавање проблеми, потоа за критичко мислење и интелектуална љубопитност.

Умствениот ангажман, сепак, го намалува менталното пропаѓање во староста

Резултатите од истражувањето покажале дека активностите со решавање проблеми не влијаат на степенот на ментално пропаѓање поврзано со стареењето, но редовното занимавање со такви активности ги подобрува когнитивните вештини низ целиот живот.

Ова, исто така, значи дека луѓето кои сакаат да се занимаваат со активности кои подразбираат решавање проблеми, како што се решавање крстозборки, гатанки, квизови и судоку, имаат подобри ментални способности во подоцнежните години.

Според д-р Стаф и неговиот тим, резултатите од истражувањето укажуваат дека, и покрај тоа што когнитивното успорување поврзано со стареењето не може целосно да се стопира, решавањето проблеми го одржува мозкот во подобра кондиција во помладите години, така што менталното пропаѓање во староста нема да биде толку изразено.

 

Слични написи

Грицкањето нокти не е само грда навика

Biba

Забавен психолошки тест кој ги открива вашите силни и слаби страни

Biba

Одгледувањето темпераментно дете е тешко, но има и свои предности

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.