Спорт

Годините не ѝ можат ништо на Серена Вилијамс

Американската тенисерка Серена Вилијамс (40), синоќа во Торонто ја постигна првата победа во сингл конкуренција на ВТА турнејата по 14 месеци.

Во дуелот од првото коло, легендарната тенисерка ја победи Шпанката Нурија Паризас Дијаз (57. ВТА) со 6:3, 6:4.

Серена, исто така, стана четвртата тенисерка во историјата која победила на ВТА турнејата откако го прослави својот 40-ти роденден, придружувајќи им се на нејзината постара сестра Венус, Јапонката Кимико Дејт Крум и Мартина Навратилова.

„Сепак има светлина на крајот од тунелот. Се чини дека се доближувам до светлината… Така е во последно време. Едвај чекам да стигнам до светлината“, изјави Серена по победата.
Инаку, таа со 35 победи на Канадиjан опен стана најуспешната тенисерка на тој турнир.

Во второто коло ќе игра против победничката од дуелот меѓу чешката квалификантка Тереза ​​Мартинцова и актуелната олимписка шампионка Белинда Бенчиќ од Швајцарија.

На останатите натпревари немаше многу изненадувања, па во второто коло се пласираа Лејла Фернадез, Каролина Плишкова, Симона Халеп…

Слични написи

Страшен пад на двократната светска шампионка

Biba

Легендарниот Петр Чех е новиот спортски директор на Челси

Biba

И Владе Дивац влезе во Куќата на славните на НБА

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.