Забава

Вулканскиот туризам може да биде многу опасен

Туристите склони кон екстремни облици на возбуда неретко се доведуваат во опасност со тоа што сè почесто се впуштаат во поход на вулкани додека тие еруптираат, пишува BBC.

Во извештајот на Royal Geographical Society посебно се предупредува на групите туристи кои премногу блиску се доближуваат на вулкани кои се во фаза на ерупција, за да ја видат оваа фантастична појава. Дури се повикани на одговорност и поедини државни служби во некои земји кога се работи за пристигнувањето на овие групи луѓе, а посебно се предупредени службите на Исланд.

Феноменот којшто е наречен вулкански туризам, се однесува на илјадниците луѓе ширум светот кои во некој момент се обиделе да се приближат на местото на ерупција на вулкан, за да го гледаат овој природен спектакл, да ја слушаат ерупцијата и да ја осетат топлината на лавата.

“Може да се осети мирисот на лавата и да се слушнат звуците кои ги прави Земјата”, се вели во извештајот.

Во него се наведува и дека постојат таканаречени вулканофили, кои имаат страст за следење на експлозии од вулкани ширум светот. Се смета дека зголемувањето на вулканскиот туризам е поттикнато од употребата на паметните телефони, па луѓето сè почесто сакаат на социјалните мрежи да споделат фотографија настаната во драматично опкружување.

Но, научниците предупредуваат на повредите кои можат да бидат предизвикани од лавата или од детонацијата на вулканите. Исто така, чести се и труењата со отровни гасови од вулканот. Вулканите многу тешко се контролираат и лесно може да се случи поширокиот регион околу вулканот да биде поплавен со вжарена лава.

Во наведените опасни ситуации, потребата за спасување на туристите може да ги загрози исто така и спасувачките служби.

Исланд е држава со најмногу вулкани на светот, и важно е да се истакне дека само во 2010 година се забележани два случаи на смрт предизвикани од вулкански туризам. Освен тоа, спасувачките служби се фрустрирани поради тоа што туристите сè почесто одат во тешко пристапните зони.

Слични написи

Како изгледа еден обичен автомобилски отпад во Дубаи

Biba

Новата корејска серија „Hellbound“ урива рекорди, ја симна „Squid Game“ од врвот

dart

Десет работи што авиокомпаниите не сакаат да ги знаете

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.