Забава

Десет работи што авиокомпаниите не сакаат да ги знаете

 

Без оглед на тоа дали често патувате со авион или само повремено, има десет тајни кои ќе ви помогнат, на пример, да ги добиете најдобрите седишта во авионот или да поминете поевтино, а од авиокомпанијата нема да ви ги кажат.

  1. Што е тоа што го премолчуваат кога ви ги соопштуваат инструкциите пред полетувањето? Светлата се пригушени за да можат вашите очи да се прилагодат на мракот во случај на итна евакуација. Вградениот послужавник во седиштето се подигнува при полетување и слетување за патниците покрај вас да можат да побегнат ако е тоа потребно. И завесата треба да биде отворена, за во случај на несреќа пожарникарите да можат да видат што се случува внатре во авионот.
  2. Многу се скржави околу горивото. Во авионот се става минимално доволно гориво за да го однесе до саканата дестинација, затоа што горивото е тешко и е скапо да се пренесува. Тоа, исто така, значи и дека ако дојде до временски неприлики или до доцнење, голема е веројатноста авионот да мора принудно да слета затоа што ќе го потроши горивото.
  3. Ако одите на групно патување, купувајте една по една карта. Ако барате, на пример, четири карти, а авиокомпанијата има само уште три по пониска цена, сите четири карти ќе ви ги продаде по повисока цена.
  4. Сте го изгубиле багажот? Не го одложувајте пријавувањето, дури и ако редот пред шалтерот е предолг. Повеќето аеродроми бараат веднаш да се пријави загубениот багаж, па ако го пропуштите тој краток рок, вашето барање може да биде одбиено.
  5. Пилотите не смеат да јадат заедно. Некои авиокомпании не им дозволуваат на пилотите да јадат храна од ист извор во текот на еден час. Или мора да јадат во различен ресторан, или едниот мора да чека барем еден час за да се уверат дека другиот не добил труење од храната.
  6. Седиштата се навистина сè помали. Не ви се причинува. Во Боинг 777 кој се користи за меѓународни летови на долги релации, од неодамна седиштата се намалени за 2,5 сантиметри, за да може да се смести уште едно седиште во секој ред.
  7. Дезинфицирајте, дезинфицирајте, дезинфицирајте. Ако ви падне храна директно на послужавникот, подобро да не ја јадете. Повеќето авиокомпании не ги бришат послужавниците помеѓу летовите, а на нив патниците ставаат валкани пелени, сечат нокти, истураат храна и пијалаци. Пред да допрете што било во авионот, избришете го со марамчиња за дезинфекција.
  8. Вистинско време за промена на седиштето. Проверете ја мапата на седиштата четири дена пред патувањето. Тогаш компаниите почнуваат да преместуваат некои патници од економска во бизнис класа, па се ослободуваат некои од најдобрите места.
  9. Потполно се згрозуваат ако во авионот одите боси. На тепихот во авионот има сè што можете да замислите: повраќаници, млеко, мочка од бебиња и крв, се само некои од нив.
  10. Знајте ги вашите права. Ако летот е откажан ќе ви понудат друг, но мора да знаете дека дури и ако имате неповратен билет, парите можат да ви ги вратат ако ги побарате.

 

Слични написи

Пантеон во Рим и после 2000 години активно се користи

dart

Најмладата баба на светот добила внук на 23 години

Biba

Болоња се бори против загадувањето со бесплатно пиво, сладолед и карти за во кино

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.