Здравје

Вкусни есенски намирници со малку калории

 

Може да се слабее со која било намирница, сè додека сме во состојба да ja контролираме вкупната дневна калориска вредност.

На пример, една средна банана има околу 100 калории. Три такви банани на ден се 300 калории, ако додадете кисела зелка и печено месо од живина ќе внесете малку калории во организмот, а при тоа сте ги задоволиле неговите нутритивни потреби.

Киселата зелка е изразито нискокалорична намирница. Има само 22 калории на 100 грама, што значи дека може да изедете и 300 грама кисела зелка, а да внесете само 70 калории. Освен тоа, киселата зелка е исклучително здрава и богата со пробиотици, така што можете да ја јадете во неограничени количини без никаков страв.

Печените пилешки гради содржат 165 калории на 100 грама, што значи дека можете слободно да консумирате 150 грама месо на ден кои ќе ги покријат потребите за протеини.

Кои други есенски намирници имаат мал број калории?

  • кисела зелка – 22 калории на 100 г
  • брокула – 20 калории на 100 г
  • прокељ – 20 калории на 100 г
  • леќа – 70 калории на 100 г
  • сирење со ниска масленост – 80 калории на 100 г
  • јогурт со ниска масленост – 90 калории на една чаша
  • кефир со ниска масленост – 85 калории на една чаша
  • едно јаболко со средна големина – 65 калории
  • една банана со средна големина – 100 калории
  • печени пилешки гради – 150 калории на 100 г
  • омлет од јајца – 150 калории на 100 г

Сите наведени намирници имаат низок гликемиски индекс. За да не им ја зголемите калориската вредност гответе ги на диетален начин и не додавајте на оброкот бел леб. Киселата зелка исцедете ја од вишокот сол. Леќата, прокељот и брокулата гответе ги без додавање масло. Леб може да јадете во минимални колични, и по можност тоа да биде темен леб, ‘ржан.

 

Слични написи

Чаеви за детоксикација на организмот

Biba

Колку е безбедно да се изеде храна што паднала на под

Biba

Два зачина кои можете да ги додадете во кафето секое утро за побрз метаболизам

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.