Здравје

Бета-глуканите го подобруваат имунитетот

Имунитетот е способност на телото да се брани од туѓи и штетни микроорганизми, бактерии, вируси и габи, како и од нивните хемиски супстанци – токсини. Колку е посилен и поотпорен имунолошкиот систем, толку е полесно да се изборите против инфекциите. Можеме да кажеме дека имунитетот е одбранбен ѕид против многу болести. Сепак, современиот начин на живот, стресот, нередовната и нездрава исхрана, физичката неактивност или прекумерната физичка активност, недостатокот на сон и слично, се фактори кои негативно влијаат на имунитетот. Најдобра превенција е негувањето здрави навики, кои вклучуваат здрава и редовна исхрана, умерена физичка активност, минимум 6 часа постојан сон, добри меѓучовечки односи, како и внесување на витамини и минерали во доволна количина.

Бета глуканот е уникатен полисахарид кој има способност да го подобри одбранбениот одговор на вируси, бактерии и габи. Докажано е дека го намалува холестеролот и го подобрува имунолошкиот систем. 1,3/1,6 бета глукани се врзуваат за CR-3 рецепторите на неутрофилите и им овозможуваат да реагираат на бактерии и вируси. Нашиот имунолошки систем ги препознава и веднаш реагира. Така, бета глуканите се врзуваат за да им помогнат на одредени имунолошки клетки да направат добро координиран напад врз нивните цели.

Научниците ги нарекуваат бета глуканите „модификатори на биолошкиот одговор“. Модифицираниот одговор ја поддржува имуномодулацијата со спречување на прекумерно воспаление и автоимуна реакција. Треба да се нагласи дека тие го стимулираат собирањето на имуните матични клетки во коскената срцевина, што е многу важно за луѓето кои се подложени на хемотерапија или зрачење.

Структурата на синџирот е многу важна за нивната функција. Нерастворливите 1,3/1,6 бета глукани имаат поголема биолошка активност од растворливиот 1,3/1,4 бета глукан. Нерастворливите бета глукани може да се најдат во пробиотикот Saccharomyces boulardii, пивскиот квасец и медицинските печурки. Несварливите растворливи влакна од јачмен и овес содржат бета глукани и покажуваат антиинфламаторни биолошки ефекти.

Тие не се синтетизираат во телото, па затоа мора да се земаат од достапни природни извори. Се наоѓаат во клеточниот ѕид на квасецот, а медицинските печурки (реиши, шитаке, маитаке) се исто така одличен извор на бета глукан.

Реиши печурките се користат во традиционалната кинеска медицина повеќе од 4.000 години во лекување на заболувања на црниот дроб, висок крвен притисок и артритис. Тие се користат и за намалување на нивото на холестерол и триглицериди во крвта, а најпознати се по своите имуностимулирачки својства. Имаат и значително антимикробно дејство, па се користат за бактериски и вирусни инфекции.

Шитаке печурките се користеле уште во династијата Минг во Кина како средство за зголемување на енергијата и лекување паразитски инфекции. Докажано е нивното дејство во борбата против туморите и стимулацијата на имунолошкиот систем. Тие содржат бета 1-3 глукани, кои во Јапонија се користат како лек во терапијата на ракот. Влијаат и на намалување на холестеролот.

Печурката маитаки се користи во Јапонија и Кина повеќе од 3000 години. Традиционално, употребата на печурки е поврзана со намалување на крвниот притисок и појавата на рак. Екстрактот од овие печурки може да го спречи растот на туморот и да го стимулира имунолошкиот одговор.

Што прават бета глуканите?

– го штитат организмот од инфекции
– го намалуваат на нивото на холестерол во крвта
– го намалуваат стресот
– го зголемуваат создавањето на антитела
– лекуваат рани
– помагаат при изгореници од зрачење
– го прочистуваат организмот од жива
– помагаат при дијабетес

Колку имуноглукан е потребен за регулирање на имунолошкиот систем?

– 45 кг – 1000 мг на ден
– 57 кг – 1000-1500 мг на ден
– 68 кг – 1500 мг на ден
– 80 кг – 2000 мг на ден
– 102 кг и над – 2500 мг на ден

За да се постигнат најдобри резултати, бета глуканите треба да се земаат на празен стомак со вода 30 минути пред оброк. Не треба да се комбинираат со антикоагуланси, имуносупресиви и кортикостероиди.

Слични написи

Совети што ќе ви помогнат да спиете подобро во топлите летни ноќи

dart

Фрламе еден од најздравите делови од лубеницата

Biba

Алтернативни начини за намалување на киселините во желудникот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.