Здравје

Совети што ќе ви помогнат да спиете подобро во топлите летни ноќи

Високите температури го зафатија нашиот регион, а со доаѓањето на топлите денови се јавува и проблемот како да заспиеме од горештините. Наместо да спиете со вклучен клима-уред или вентилатор, експертите нудат поздрави решенија.

Кога ќе се смириме навечер, температурата на телото опаѓа за околу еден степен и ни дава знак дека е време за спиење. Секако дека е потешко да се постигне тој пад на температурата кога надвор е топло. Затоа луѓето се мачат кога ќе дојдe летото.

Според експертите, топлината го нарушува и ослободувањето на мелатонин, хормонот за спиење кој прави да се чувствуваме уморно и сонливо. Сепак, постојат начини кои можат да ни помогнат да заспиеме дури и кога температурите на воздухот се рекордно високи.

Останете хидрирани, но не претерувајте

Сите знаеме дека е важно да се пие многу вода кога е жешко. Дехидрацијата, меѓу другото, може да го попречи сонот. Обидете се да избегнувате прекумерно пиење два часа пред спиење, бидејќи полниот мочен меур исто така ќе ви пречи да одржите континуиран сон.

Туширајте се пред спиење

Кога владее жештината, луѓето треба да избегнуваат тренинзи пред спиење затоа што тогаш тоа е контрапродуктивно. Вежбањето ќе ви ја подигне телесната температура. Вежбајте наутро за да му дадете доволно време на телото да се олади. Вашето тело ќе ужива во туширањето со млака вода пред спиење.

Спијте без облека или во 100 проценти памучни пижами

Експертите велат дека ова е најдобриот совет за спиење на жештината што можат да го понудат. Идеално е да спиете без облека, но за тие што не се чувствуваат пријатно така има и друга опција, а тоа е да изберете пижами од 100 отсто памук.

Најдете ја совршената положба за спиење

Без разлика дали спиете сами или го делите креветот, лежењето на грб е убедливо најдобриот избор кога е топло. Ако спиете со партнерот, дајте си простор и користете посебни чаршафи за полесно да се справите со високите температури.

Слични написи

Пијте го овој напиток секое утро и салото околу стомакот ќе исчезне додека трепнете

dart

Брзата храна влијае негативно и на физичкото и на психичкото здравје

Biba

Пробиотиците заштитуваат од алергии, грип и непријатен здив

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.