Здравје

Вежбањето во телото го зголемува производството на супстанци слични на канабис

 

Новото истражување открива дека вежбањето во нашето тело може да го зголеми производството на супстанци слични на канабис, кои го намалуваат воспалението и потенцијално можат да помогнат во спречување на состојби како што се артритис, срцеви заболувања, па дури и рак.

Студијата, објавена во списанието Gut Microbes, покажа дека луѓето со артритис не само што забележуваат намалена болка после вежбање, туку имаат и пониски нивоа на воспалителни маркери наречени цитокини, но и зголемување на супстанцијата слична на канабис ендоканабиноид.

 

Заклучено е дека само 15 минути вежбање дневно се доволни за значително ублажување на болката.

За студијата, истражувачки тим од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Нотингем во Велика Британија регрутираше 78 луѓе со артритис на коленото. Триесет и осум учесници правеле 15-минутни вежби за зајакнување на мускулите секој ден во текот на 6 недели, додека останатите 40 не правеле ништо.

Истражувачите откриле дека оние кои вежбале не само што ја намалуваат болката, туку имаат и повеќе видови на бактерии во цревата кои произведуваат антиинфламаторни супстанци. Учесниците, исто така, имаа пониски нивоа на цитокини (показател за воспаление) и повисоки нивоа на ендоканабиноиди.

Според истражувачите, најмалку една третина од антиинфламаторниот ефект на цревниот микробиом се должи на зголемениот број на ендоканабиноиди, природни невротрансмитери произведени во телото.

Тие додадоа дека овие супстанци се „врзани“ за различни функции и влијаат на нештата како што се расположението, енергијата, меморијата, апетитот и нивото на болка.

Амрита Виџеј, истражувач на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Нотингем и првиот автор на трудот, призна дека е изненадена од наодите.

„Резултатите се изненадувачки затоа што можеби најдовме клучна врска помеѓу тоа како супстанците произведени од цревните микроби реагираат во интеракција со супстанците произведени од нашите сопствени тела, кои ни кажуваат како вежбањето го намалува воспалението“, изјави Виџеј за Healthline.

Според Виџеј, резултатите од оваа студија нагласуваат дека промените во животниот стил, како што е вежбањето, можат да влијаат на производството на ендоканабиноиди и да го подобрат здравјето.

Експертите велат дека иако вежбањето може да му користи на телото на многу начини, важно е да разговарате со вашиот лекар пред да започнете режим на вежбање, особено по неодамнешна повреда или ако имате кардиоваскуларни болести.

Слични написи

Дали КЕТО диетата може да помогне во борба против ракот на јајници

admin

Ублажете ги главоболките со етерични масла

Biba

Совршената формула која ќе ви помогне да се разбудите одморени и освежени

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.