Сцена

Селена Гомез дизајнираше бикини што ја покрива лузната од трансплантација на бубрегот

 

Само неколку дена откако се врати на црвениот тепих, Селена Гомез напорно работи за да ѝ помогне на нејзината блиска пријателка да лансира нова линија на костими за капење. Тереза Мингус, поранешна асистентка на Гомез, дизајнира костими за капење, од кои актерката и пејачка Гомез дизајнираше три, кои ќе се произведат во органичен број.

Брендот на костимите е наречен Krahs Swim, што прочитано од назад се чита како shark (ајкула). Дизајнерката во промотивното видео ѝ објаснува на Гомез дека се одлучила за тоа име затоа што уште како мала била опседната со ајкули и дека нејзината мајка ѝ дозволувала да гледа буквално сè што сака на телевизија, а таа повторно и повторно ги гледала сите делови на филмот Jaws.

https://youtu.be/071g4vSad28

Заради тоа, Тереза сакала некако да ги вклучи ајкулите во нејзините костими за капење, па на некои од моделите има принт од загриз на ајкула. Таа, исто така, за лого на костимите избрала слика од препознатливата фосилизирана уста на ајкула.

Селена изјави дека на трите дизајни што ги изработила таа, влијаеле нејзините потреби и животно искуство.

“Многу се забавував за време на дизајнирањето на костимите за капење. Едниот од нив е со висок струк и ремен на половината. Имав трансплантација на бубрегот и сакам мојот костим за капење да ја покрива лузната од операцијата, поудобно се чувствувам кога е покриена”, изјави Гомез.

 

https://www.instagram.com/p/Bw7d90Gn9-Q/?utm_source=ig_embed

 

Слични написи

Бред Пит во новиот научнофантастичен филм “Ad Astra”

Biba

Кира Најтли проговори за мајчинството

Biba

Ќeрката на Мадона, Лурдес е новото заштитно лице на Марк Џејкобс

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.