Љубов и секс

Карактеристики кои мажите ги обожаваат кај жените

Сите луѓе се разликуваат едни од други. И сите мажи не се привлечени од жени поради истите карактеристики. Сепак, постојат генерални особини кои повеќето мажи ги сакаат кај жените.

  • Детинеста – Мажите сакаат разиграни, весели и безгрижни жени, кои не драматизираат и знаат да уживаат во животот. Баш како децата.
  • Сака секс – Мажите го сакаат сексот и тоа не е тајна. Затоа, мажот покрај себе сака жена која знае да ужива во сексот и со неа може да разговара и да практикува сè што е поврзано со сексот.
  • Мистериозна – Таинствените и по малку мистериозните жени се многу интересни за мажите. Оние што своите адути ги откриваат уште на првиот состанок се интересни, но само краткорочно.
  • Немала многу партнери – Колку и да им е привлечна жена со изразена сексуалност, мажите сепак сакаат да им се први на жените, или барем да имала малку партнери.
  • Самостојна – Самодовербата е карактеристика што мажите ја сакаат кај жената. Сакаат жени кои не се плашат да го направат првиот чекор.
  • Има мајчински инстинкти – Иако живееме во дваесет и првиот век и на жената за да се оствари не ѝ е потребно да стане мајка, мажите сакаат кога жената има мајчински инстинкти. Тоа им е во природата и не можат да се борат со инстинктот.
  • Ексцентрична – Мажите ги привлекуваат жени што се разликуваат од генералната карактеристика за жени. Сакаат жени што не ги интересира туѓото мислење и цврсто држат до својот став.

Слични написи

Дали тоа беше оргазам?

dart

Лоши навики кои можат да го уништат вашиот сексуален живот

admin

Секс-вежби за полесно да доживеете оргазам

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.