Љубов и секс

Секс-вежби за полесно да доживеете оргазам

Бидејќи оргазмот е всушност интензивна контракција на мускулите околу вашиот вагинален канал и мускулите на долниот дел на карлицата, нивното зајакнување ќе ви помогне да доживеете поголемо задоволство. И штом ќе постигнете оргазам, не престанувајте да вежбате затоа што со него може да постигнете повеќе оргазми.

За да може полесно да откриете дали вежбате мускули одговорни за сексуално задоволство, треба да знаете дека Кегеловите мускули се наоѓаат околу вагиналниот канал и се одговорни за задржување на урината.

 

 

Еве како да ги зајакнете мускулите одговорни за вашата сексуална среќа.

Легнете на грб, свиткајте ги нозете во колената и држете ги стапалата на подот. Ставете топка меѓу колената. Работете на контракција на Кегеловите мускули. Вдишете и почувствувајте ја тензијата што се шири низ стомакот и ‘рбетот. Подигнете ги главата и рамената малку од подот и останете во таа позиција 10 секунди.

Кога ќе ги доведете мускулите во врвна форма, тие ќе бидат вашиот адут за редовна средба со оргазмот. Со време, нивно „пумпање“ ќе ве доведе до моментот кога ќе ја почувствувате првата контракција на оргазмот.

Слични написи

Постојат ли повеќекратни оргазми надвор од порнофилмовите?

Biba

Порнографија наспроти вистински секс

Biba

Десет работи кои жените и мажите не ги простуваат во кревет

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.