Љубов и секс

Лоши навики кои можат да го уништат вашиот сексуален живот

 

Многу параметри влегуваат во равенката наречена квалитет на сексуалниот живот. Нездрава исхрана, несоница, стрес, се само некои од факторите.

  • Стрес. Константното ментално напрегање и грижи можат да му наштетат на вашето комплетно здравје. Телото е под константен напад на хормоните на стрес долг временски период, и покрај тоа што му штетат на општото здравје, ѝ штетат и на вашата желба за секс. За да го смените тоа и да му помогнете на вашето тело, а со тоа и на вашето либидо, применувајте прошетки, јога, гледајте весели филмови, правете сè за да ги елиминирате или барем да ги намалите стресните моменти.
  • Нездрава исхрана. Хранењето со брза храна, полнењето на телото со рафинирани јаглехидрати, едноставни шеќери и транс масти, доведува до успорување на циркулацијата на крв во вашиот организам, а со самото тоа до слабеење на ерекцијата кај мажите, но и на циркулацијата на крв во женскиот полов орган. Помогнете му на вашиот организам со многу овошје, зеленчук, билни протеини, и тоа ќе ви врати со здрав сексуален апетит.
  • Премногу сол. Кога користите храна со многу сол во континуитет, тоа може да доведе до зголемување на крвниот притисок, а со тоа до намалување на либидото. Избегнувајте храна полна со натриум, вклучително и сол, и употребувајте зачински билки. Ќе го стабилизирате високиот крвен притисок, а со тоа ќе си го вратите либидото.
  • Ја прескокнувате предиграта. Докажано е дека предиграта игра важна улога во сексуалниот живот. Никогаш не ја прескокнувајте. Истражувања покажуваат дека сексот кој во себе вклучува и предигра, е драстично подолг и поквалитетен. Користете различни типови на стимулации: орален секс, взаемна мастурбација и друго.
  • Несоница. Еден од поголемите убијци на сексуалниот живот. Долготрајна несоница доведува до драстично намалување на либидото.
  • Разговарајте со партнерот. Комуницирајте меѓусебно со партнерот, кажувајте си ги желбите и фантазиите. Експериментирајте и збогатете ја разновидноста на сексуалниот чин.

 

Слични написи

Ритуали кои жените ги прават пред секс

Biba

Осум сексуални фази низ кои поминуваат паровите кои се во долги врски

Biba

Живеете заедно, а спиете во одвоени кревети

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.