Љубов и секс

Факти за женската мастурбација

Соло сексот кај жените во многу работи се разликува од сексуалниот однос со партнерот.

За разлика од мажите, жените, како и за многу други работи, така и за мастурбацијата имаат сосема различен пристап. Жените не можат да мастурбираат каде било или во која било ситуација како мажите и најчесто мастурбацијата кај жените не е баш како што ја замислуваат мажите.

Еве неколку факти за женската мастурбација.

  • Побрзо доживуваат оргазам. Во просек, на жените им треба повеќе време за да доживеат оргазам во споредба со мажите. За да се стимулираат нервните завршетоци кај жените на вистински начин и крвта да дојде до гениталиите, потребно е барем 15-20 минути. Но, жената може да доживее оргазам побрзо од мажот затоа што се концентрира на своето задоволство и точно знае што сака и како да го постигне тоа.
  • Жените не мастурбираат често. Според истражувањата, 25% од мажите мастурбираат три пати неделно. За жените бројките се значително помали и велат дека само 10% од жените мастурбираат 3 пати неделно, а 38% изјавиле дека мастурбираат еднаш неделно. Овие податоци можеби се поврзани со стигмата за женската мастурбација.
  • За мастурбирање е потребна добра атмосфера. Мажите најчесто можат да мастурбираат во која било ситуација, додека на жените им е потребна малку поудобна и поинтимна атмосфера за да се опуштат. Многу жени вклучуваат умствени активности при мастурбација, користат замислено сценарио за да си создадат погодна атмосфера.
  • Жените мастурбираат понежно. За разлика од мажите, жените знаат да бидат поспори и понежни при мастурбирањето. Клиторисот им двојно повеќе нервни завршетоци во однос на главата на пенисот и со тоа е поосетлив и на наједноставни допири.
  • Жените не тежнеат исклучиво кон оргазам. Иако за мажите е главно постигнувањето оргазам, за жените тоа и не е најнеопходно. Ова е можеби и најважната разлика помеѓу машката и женската мастурбација.
  • Ослободување на енергија. За време на евентуалниот оргазам се создава огромно физичко ослободување. Некои жени можат да имаат неколку последователни оргазми еден по друг.

Слични написи

Важни теми за кои треба да разговарате со партнерот

Biba

Детаљ кој открива дали сте среќни во бракот

Biba

Каков тип на мажи пружа најдобри оргазми

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.