Психологија

Како влијаат на здравјето познанствата со луѓе на високи позиции

 

Опкружени сме со мрежа од луѓе која вклучува членови на семејството, соседи, пријатели, колеги, познаници, и нивниот статус може да влијае на нашиот живот. На Универзитетот Вандербилт во Нешвил, Тенеси, спровеле истражување кое ја испитува врската меѓу здравјето на испитаници во Кина, САД и Тајван, и социоекономскиот статус на нивните социјални контакти.

Се испитувало дали статусот на нивните контакти има врска со сериозните здравствени проблеми заради кои не можеле да учествуваат во секојдневната рутина повеќе од една недела.

Луѓето со повисок статус се воглавно со подобра здравствена состојба затоа што имаат повеќе време и пари да се хранат здраво, да вежбаат  и да го контролираат здравјето. Научниците верувале дека овој бенефит ќе се отслика и на нивните контакти, но тоа не се случило.

Во две од трите истражувани општества – кинеското и американското – се покажало дека луѓето со вакви познанства имаат повеќе здравствени проблеми, а не помалку.

Како е ова возможно?

Научниците, причината за ова ја лоцираат во негативното споредување, кое може да биде виновник за појава на анксиозност. Кога личноста се споредува со оние кои се во подобра социоекономска ситуација може да почувствува завист, а чувството на неуспех да се обиде да го камуфлира со нездрави животни навики како пушење и прејадување.

Меѓутоа, во Тајван се добиени поинакви резултати, заради тоа што таму економската нееднаквост е најмала, додека Кина и САД имаат многу голем јаз помеѓу богатите и сиромашните, објасуваат научниците.

 

Слични написи

Табуа: има ли теми кои треба да ги избегнувате со вашите деца?

Biba

Подигнете го нивото на емоционална енергија

Biba

Депресијата наскоро ќе стане водечки здравствен проблем во светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.