Здравје

Осум здрави совети од Шаолин монасите

 

Сите сме со став дека здравјето е најголемото богатство што го пoседуваме, но малкумина вистински и правилно се грижат за него. Ако нешто реално сакаме да смениме во грижата за нашето здравје, тоа не треба да го одложуваме за утре, туку да почнеме веднаш.

Монах од Шаолон манастир, мајстор на боречки вештини и исклучително мудар човек, напишал низа на совети за тоа како современите луѓе да го заштитат своето здравје.

  • Не размислувајте премногу. Дополнителните мисли ви ја црпат енергијата и заради нив ќе остарите предвреме.
  • Не зборувајте премногу. Луѓето се делат на оние што зборуваат и на оние што делуваат. Подобро е да делувате. Кога работите, работете 40 минути, па направете пауза од десетина минути. Кога континуирано гледате во нешто, тоа може да ги оштети вашите очи.
  • Кога сте среќни, контролирајте се. Ако изгубите контрола, среќата може сериозно да го наруши вашето здравје. Особено белите дробови.
  • Грижата и лутината ја нарушуваат функцијата на црниот дроб и на цревата.
  • Кога јадете – не се прејадувајте. Никогаш не претерувајте со храната. Тоа ќе ви ја оштети слезината.
  • Кога нешто работите, работете го темелно. Не застанувајте и сетете се на поговорката: “Побрзај полека и ќе стигнеш побрзо до целта”.
  • Ако не го оптоварувате своето тело, туку само својот ум – неминовно ќе се разболете.
  • Најважно е да почувствувате што му треба на вашето тело.

 

Слични написи

Пушењето во бременоста двојно го зголемува ризикот од смрт за бебето

Biba

Големите епидемии низ времињата што убија милиони луѓе

Biba

Секој чај е наменет за соодветна болка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.