Здравје

Од замор до депресија: ова се знаците дека ви недостасува витамин Д

Витаминот Д е неопходен за човечкото тело, бидејќи го одржува здравјето на коските, менталното здравје и помага при спиењето. Затоа неговиот недостаток може да доведе до сериозни последици.
Според Националниот институт за здравје, секој четврти возрасен во САД има ниски нивоа на витамин Д.

„Недостатокот на витамин Д е сè почест во последниве години“, објаснува д-р Лејси од Институтот.

Таа вели дека многу пациенти не покажуваат симптоми, но ако се чувствувате уморни, имате болки во коските или променливо расположението, ова се знаци дека ви недостасува овој витамин.

Сепак, ова не се единствените симптоми кои укажуваат на неговиот недостаток. Луѓето кои имаат ниски нивоа на витамин Д може да доживеат симптоми на депресија, паѓање на косата и намален апетит. Исто така, полесно се разболуваат, почесто се соочуваат со болки во мускулите и имаат бледа кожа.

Доколку имате еден од овие симптоми, најдобро би било да се консултирате со лекар, кој ќе го анализира опсегот на витамин Д во вашето тело.

Доколку се утврди дека имате прениско ниво, ќе треба да користите суплементи, но освен нив препорачливо е да поминувате повеќе време на отворено и да консумирате храна која е извор на витамин Д. Тука секако спаѓаат и видовите риби како лосос, туна, пастрмка и скуша, но и жолчка од јајце, говедско месо и црн дроб од риба.

Слични написи

Зошто ве болат забите иако немате кариес

Biba

Како да го спречите напрегањето на очите

admin

Телесната болка се намалува ако го држите повреденото место

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.