Здравје

Мирисот на цигари од облеката на возрасните е штетен за децата

 

Родителите преку облеката штетните материи од цигарите ги пренесуваат на децата, што е посебно опасно во раните фази од развојот на детето.

Одговорните родители не пушат пред децата. Меѓутоа, една студија покажува и дека излегувањето на балкон да запалите цигара може да биде многу штетно за малолетниците, затоа што и облеката на пушачот содржи многу штетни материи, кои преку кожата на детето стигнуваат во неговиот организам.

Загрижувачките резултати се добиени на Институтот за хигиена и биотехнологија во Штутгарт. Научниците, за потребите на истражувањето развиле 3Д модел на кожа која е многу слична со вистинската кожа на бебињата и на малите деца. Се покажало дека штетните честички од чадот на цигарата имаат многу штетно влијание на клетките на кожата, т.е. го менуваат нивниот облик. Промени се забележани и на невроните, кои заради отровите повеќе не можеле адекватно да се поврзат меѓу себе.

Притоа, никотинот преку потењето се излачува од облеката и така стигнува до детската кожа, а особено е опасен во раните фази од развојот на детето.

Интересен е фактот дека активните и пасивните пушачи вдишуваат околу 30 % од чадот на цигарите. Останатите 70 % се таложат на околните површини и облеката, што се нарекува “чад од трета рака”.

 

 

Слични написи

Постапка при убод од пчела, доколку сте алергични

admin

Зошто јадеме и тогаш кога не сме гладни

Biba

Утро без стрес и поголема продуктивност

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.