Здравје

Утро без стрес и поголема продуктивност

 

Сите понекогаш имаме проблем со утринското будење, со намуртеноста и единствената желба да останеме малку подолго во кревет. Ако сакате тие ситуации да ги намалите на минимум или можеби да ги елиминирате, би можеле да се обидете со некои од следните совети:

  • Сварете си добро кафе. Голем дел од луѓето утрото го започнуваат со кафе, затоа вложете малку повеќе пари за квалитетно и ароматично кафе. Ако имате апарат за кафе наместете го тајмерот пет минути пред да ви се активира алармот и така ќе се будите со мирисот на сварено кафе.
  • Не го одложувајте алармот. Ако сте од оние кои по милион пати го одложуваат алармот за следните пет минути, тогаш е корисно будилникот или мобилниот да ги ставите на другиот крај од собата, за да мора да станете за да го исклучите. Кога веќе ќе застанете на нозе за да го исклучите алармот, понатаму е полесно.
  • Подгответе ја облеката навечер пред легнување. Кога станува збор за планирањето наутро, тоа обично се сведува на избирање на облека за тековниот ден. За да го избегнете трошењето на времето наутро кога највеќе брзате, подгответе си ја облеката и торбата со работи навечер и така наутро ќе имате барем 15 минути повеќе време.
  • Планирајте си го утринскиот оброк. Под ова не се подразбира дека треба да зготвите за цела недела однапред, туку едноставно имајте на ум што би јаделе пред работа. Оброкот може да е лесен, едноставен како зобени снегулки или овошје.

 

 

Слични написи

Откриен е нов центар за болка во мозокот

admin

Колку се опасни детергентите од недоволно исплакнати садови

Biba

Како да го избегнете топлотниот удар и последиците од него

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.