Технологија

WhatsApp со нова десктоп верзија која овозможува видеоповици за групи до 50 учесници

WhatsApp наскоро треба да овозможи заеднички видеоповик за 50 учесници, но на верзијата за компјутери. Кога WhatsApp ќе ја воведе новата опција, таа ќе стане алтернатива на Zoom, Skype и Google Meet. Новата опција е забележана како бета-верзија на WhatsApp Web, а кратенките во менијата WhatsApp ги испраќаат корисниците до неодамна воведената услуга за „Facebook Messenger Rooms“ каде можат да создадат просторија и да ги поканат луѓето да се приклучат, или да создадат просторија директно преку WhatsApp.

WhatsApp неодамна доби големо ажурирање и сега поддржува видеоповици за осум учесници на мобилната верзија, но споменатите нови опции ви овозможуваат да повикате повеќе луѓе ако е потребно.

 

  

Функцијата ќе биде достапна и на уредите кои користат iOS и Android оперативни системи, но десктоп поддршката е одржлива замена за постојните слични услуги.

Кога Messenger Rooms се појави во април, директорот на Фејсбук, Марк Цукерберг, навести дека може да биде поддржан од WhatsApp, Instagram и Facebook Porta, а сега се чини дека тоа ќе се случи порано од очекуваното, иако точниот датум не е познат, пишува Techradar.

Слични написи

Енергија добиена од паѓање на снег

Biba

Вселенското летало New Horizons ја испрати првата фотографија од Ултима Туле на Земјата

Biba

Како да го поврзете компјутерот со телевизорот и да го олесните следењето на виртуелната настава во деновите на изолација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.