Технологија

Viber овозможи уредување на испратените пораки

Новата опција на Viber ви овозможува да ги уредите сите испратени пораки.

Ако редовно ја користите апликацијата Viber, новата функција Edit може да ви биде од корист. Ви овозможува да ја уредите секоја испратена порака во група или разговор еден на еден, со тоа што едноставно ќе ја допрете подолго пораката што сакате да ја уредите и од менито што ќе ви се појави одберете Edit. Откако ќе ја направите измената во долниот десен агол ќе се појави Edited, така што учесниците во разговорот ќе знаат дека пораката е изменета. За да не дојде до забуна, луѓето што учествуваат во разговорот, едитираната порака ќе ја добијат како нова, односно, како последна добиена порака, со цел да се избегне можноста за манипулирање со пораки и нивната содржина.

Овозможено е да ги промените YouTube линковите, линковите од веб страни, сликите и текстот, но не е можно да се менуваат стикерите. Новата опција на Viber е овозможена преку апликацијата Viber v9.7.0 за корисниците на Android и iOS, а за корисниците на Windows смартфон сè уште не се знае дали ќе го добијат ова ажурирање.

Слични написи

Инстаграм им овозможи на корисниците со IOS опција што ќе им го олесни користењето

Biba

Еколошки прифатлива технологија

admin

Huawei го презентираше преклопувањето на новата генерација – Huawei Mate Xs

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.