Забава

“La tomatina” фестивалот во Шпанија

 

Народ прекриен со црвени домати во Буњол, Шпанија. Секој сака добра забава, но забавата со летачките домати е нешто специфично, несекојдневно. Огромна тепачка со храна.

Она што започна како мавање со храна меѓу пријатели во далечната 1945 година, прерасна во културална манифестација и светски најголемата тепачка со храна.

Фестивалот се случува секоја година, последната среда во август. Го посетуваат и над 30000 учесници.

Почнува рано наутро, огромен број на учесници пристигнуваат со возови од Валенсија во Буњол. Пристигнуваат и се упатуваат кон центарот, со застанувања за храна и пијалок. Сите пристигнуваат во центарот и едноставно застануваат. Гужвата едноставно е прегуста.

За време на загревањето за големата случка, учесници учествуваат во качување на вискои бандери кои се мрсни и премачкани со храна, а поентата на качувањето е да се симне големата шунка од врвот на бандерата, со што официјално започнува фестивалот на мавање со домати.

Што и да се каже за чудниов фестивал нема да го оправда огромното унишување на храна, но едноставно поентата на фестивалот е опуштање од секојдневните стресови. Чуден некој начин.

Борбата со домати трае околу еден час, после што градот е до глуждови во сок од домати. Набрзо по завршувањето на фестивалот на терен излегува противпожарната бригада и со црева со вода и помош од цитричната киселина од доматите одлично го чистат местото. Забавата продолжува подолу кај реката за да се измијат и исперат остатоците од домати. Потоа се продолжува во околните кафеани исполнети со забава , музика и смеа се до зајдисонце кога поголемиот дел од учесниците се враќаат во Валенсија со воз.

Неколку смерници доколку решите да го посетите фестивалот:

Буњол е лоциран на околу 40 километри надвор од Валенсија, и има три начина како да се дојде до таму.

  • Со кола за 40 минути возење. Може да си изнајмите автомобил од локалните рент-а-кар компании.
  • Со  автобус патувањето трае 60-75 минути и може да ги користите автобусите со број 265a, 265b, и 2 . Повратниот билет ќе ве чини под 8 евра.
  • Со воз патувањето е нешто над еден час и ќе ве чини околу 8 евра за повратен билет.

Од 2013 година странските туристи што сакаат да учествуваат на фестивалот мора да платат билет кој чини 10 евра.

 

Слични написи

Грузиската шахистка го тужи Нетфликс за серијата „The Queen’s Gambit“

dart

Принцот Џорџ наполни 5 години

Biba

Во Етиопија ќе се засадат 200 милиони стебла за еден ден

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.