Автомобилизам

Manhart BMW Z4 – комбинација на елеганција и агресивност

 

Германската тјунинг компанија Manhart која се занимава со преработки на возила од програмата на BMW, на својот фејсбук-профил постави рендери од нивниот најнов проект, BMW Z4.

Податоци според актуелна спецификација нема, постојат само рендерите што ги поставија на својот официјален профил. Според објавените рендери се гледа приказот на преработениот body-kit и останатите визуелни подобрувања. Покрај физичките промени на надворешноста, има и визуелни промени во боите, графички детали кои на страниците потсетуваат како да се од Mustang Shelby.

Manhart, големите отвори на предниот и задниот браник ги украси со линии во златна боја, со што се доби поагресивен изглед без нарушување на концептот.

За техничките спецификации и други поединости ќе мора да почекаме.

 

 

Слични написи

Castagna Milano развива своја верзија на Audi A8 Avant Allroad

Biba

Најдобрите автомобили на светот за 2018 година

Biba

Pininfarina PFО ќе има неверојатни 1900 коњски сили

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.