Гастрономија

Ледено кафе со Нутела

 

Потребни состојки:

1 чаша сварено појако кафе, турско или филтер

1/2 чаша млеко

1 лажица крем Нутела

коцки мраз

шлаг (по желба)

Начин на подготовка:

  1. Чоколадниот крем ставете го во врелото кафе и мешајте додека да се стопи. Ставете го кафето да се олади во фрижидер.
  2. Висока чаша наполнете ја со коцки мраз и врз него сипете ги оладеното кафе и млекото. Опционално, ако не сакате да ви се разреди вкусот на кафето со вода, коцките мраз наместо со вода може да ги направите со сварено и замрзнато кафе.
  3. Најодозгора кафето може да го декорирате со шлаг.

На здравје!

 

Слични написи

Чоколадно колаче во тегла

Biba

Домашно чоколадо што се топи во устата

Biba

Мафини со банана

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.