Вести

Прв детски ЗОО Маратон во Зоолошка градина – Скопје

 

По повод 9 Мај, Денот на Европа, во Скопје ЗОО за прв пат ќе се одржи Детски ЗОО Маратон, кој се надеваме дека во иднина ќе прерасне во традиција. Маратонот е организиран во соработка со Агенцијата за млади и спорт, Атлетска федерација на Македонија, како и Град Скопје.
Во ботаничката градина ќе се одржат четири трки: две на 150 метри (машка и женска категорија, 7-8 години) и две на 100 метри (машка и женска категорија, 5-6 години). За сите дечиња се обезбедени подароци, а првите три места од секоја категорија ќе добијат посебни награди и медали.
Пријавувањето ќе започне од четврток (25 април). Податоците за учесникот – име и презиме и датум на раѓање, се испраќаат на мејлот: [email protected] до 5 мај, а бидејќи бројот на учесници е ограничен, дел од трката ќе бидат оние кои ќе се пријават први до пополнување на бројката во секоја категорија.

 

Слични написи

Користејќи ја апликацијата HalkEco на ХалкБанк, граѓаните само за еден ден обезбедија засадување на 22 дрвa

Biba

Во Скопје е отворен забавен парк со адреналински атракции

Biba

Денес е Светскиот ден на срцето

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.