Вести

Денес е Светскиот ден на срцето

Тема на овогодинешната кампања за Светскиот ден на срцето 2018, е Мое срце, Твое срце”. Твоето срце е моторот на твоето тело –  затоа е важно да се грижиш за него. Но, грижата за твоето срце не е секогаш лесно да се постигне.

Светската Федерација на Срцето бара од луѓето оваа година да дадат ветување за срцето – посветеност кон менување на животните навики со цел да ги одржиме нашите срца здрави. Бидејќи секое срцебиење е важно.

Преку тимска работа со пријателите, семејството и колегите, можеме да си помогнеме едни на други во постепено менување на животните навики кои можат да имаат големо влијание на здравјето на нашето срце, но и на здравјето на срцето глобално.

Редовно вежбање, здрава и балансирана исхрана, умерено пиење алкохол и престанување со пушење, може да превенира развивање на кардиоваскуларни заболувања. Доколку се поддржуваме и охрабруваме едни со други, поголема е веројатноста дека ќе почнеме да ги менуваме навиките и дека ќе го одржиме своето сопствено ветување кон срцето.

Да бидеме физички поактивни: за одржување на активен животен стил, возрасните треба да целат кон најмалку 30 минути физичка активност, 5 пати неделно.

Балансирана исхрана: многу од продуктите за исхрана и пиење содржат високи количини на маснотии, сол и/или шеќер. Треба да целиме кон јадење на поголеми количини зеленчук и овошје и да го намалиме внесот на брза храна, процесирани и засладени пијалоци.

Откажување од пушење цигари: Откажувањето од цигари го намалува ризикот од развој на кардиоваскуларни заболувања, но исто така го намалува и влијанието на второстепено загадување со дим од цигари на непушачите. Лицата треба да побараат професионална помош за поддршка на откажување од пушење.

Умерено пиење алкохол: Кога се конзумира во големи количини, алкохолот може да придонесе кон развивање акутни и долгорочни проблеми со здравјето. Но, доколку се конзумира умерено, алкохолот може да придонесе кон подобрување на социјалните искуства.

https://youtu.be/Rpq1aKRfoAA

Слични написи

Претстојниот Skopje Wine Expo 2019 нуди богата музичка програма

admin

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

Biba

Почнува новата сезона на лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.