Сцена

Пристигна првиот трејлер за Џокер: ставете среќна насмевка на лицето!

 

Џокер е лик од стриповите кој за фановите никогаш не старее. Сите актери кои го глумеа, од Хит Леџер, до Џек Николсон и Џеред Лето, му дадоа свој печат на легендарниот непријател на Бетмен со злокобна насмевка.

Стар е речиси колку и Бетмен, а своето деби во стрипот го имал во 1940 година. Оваа година Хоакин Феникс ќе ни ја претстави неговата верзија на насмеаниот психопат од DC Comics, во филмот на студиото Ворнер Брос, со наслов Џокер.

Првиот трејлер кој излезе денес ни покажува мрачна и потенцијално вознемирувачка приказна.

Премиерата е закажана прво во Австралија на 3 октомври 2019, а потоа и во кината ширум светот, на 4 октомври 2019 година.

 

Слични написи

Ќeрката на Мадона, Лурдес е новото заштитно лице на Марк Џејкобс

dart

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

„The old man and the gun“ е последниот филм во кариерата на Роберт Редфорд

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.