Љубов и секс

Историја на најпопуларната секс-играчка

 

Функцијата на најпопуларната секс-играчка низ времињата се менувала. Првиот модел на вибратор воопшто ја немал намената која ја има денес. Се користел исклучиво за медицински потреби, како метода за лечење хистерија кај жените. Оваа играчка за возрасни денес е составен дел од сексуалната игра на многу парови.

Денешната главната задача на вибраторот е сексуално задоволство. Се користи на најразлични начини и постојат голем број модели на оваа позната секс-играчка.

Вибраторот првпат се појавил во деветнаесеттиот век и неговата прва употреба била медицинска – за масажа на карлицата. Ваквата масажата доведувала до оргазам кај жената, а во тоа време викторијанските лекари верувале дека оргазмот ја лечи хистерија.

Оваа метода кај “хистеричните жени” била многу популарна, па од таа причина тие многу често се враќале назад со барање за понатамошно лекување на нивната “хистерија”.

Со оглед на тоа што на почетокот терапијата се спроведувала рачно и било многу напорно за лекарите, тие почнале да применуваат хидротерапија, т.е. вагиналниот дел го масирале со млаз вода, што исто така доведувало до оргазам.

Осумдесеттите години од деветнаесеттиот век британскиот лекар Џозеф Мортимер Гренвил го измислил електричниот вибратор. Набрзо жените биле воодушевени од изумот и во 1902 година компанијата Hamilton Beach of Racine го патентирала првиот вибратор за домашна употреба.

 

 

Слични написи

Кога може да имате секс без заштита?

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

Неколку навики кои дополнително ќе ја зајакнат вашата врска со партнерот

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.