Љубов и секс

Кога може да имате секс без заштита?

 

Сите знаеме дека презервативите заштитуваат од сексуално преносливи болести и од бременост, но според новото истражување објавено во Journal of Adolescent Health, повеќето Американки не користат превентивно кондоми ако користат орална контрацепција.

Во студијата се вели дека жените се враќаат на презервативите само ако престанат да земаат други облици на контрацепција. Но кога моногамните парови имаат односи без заштита, тоа не значи дека тие “си ја бараат бељата”. Има моменти кога презервативот е неопходен, и моменти кога може да се прескокне неговата употреба.

Доктор Шари Браснер објаснува дека оправданоста за некористење на презервативи зависи од конкретната ситуација и советува да си поставите четири прашања пред да одлучите да имате незаштитен однос.

  • Дали сте двајцата навистина верни? Јасно е дека луѓето кои паралелно имаат односи со повеќе партнери се повеќе изложени на ризик од добивање сексуално преносливи болести отколку оние кои имаат само еден партнер. Заради тоа, ако решите да имате секс без заштита, треба да бидете 100 проценти сигурни дека двајцата сте верни.
  • Кога партнерот бил последен пат на тестирање? Пред да донесете одлука за некористење кондом, добро би било вашиот партнер да се тестира на најчестите полово пренсливи болести, како што се кламидија, херпес, гонореја, сифилис и ХИВ и прашајте го партнерот дали некоја од неговите поранешни партнерки имала HPV или херпес (под претпоставка дека вие правите редовни гинеколошки контроли и брисеви). Имајте на ум дека СИДА може да се открие дури три месеци после ризичниот сексуален однос.
  • Која е вашата метода на контрацепција? Ако не користите контрацептивни таблети или некоја друга метода, тогаш презервативот е единствен сигурен начин за заштита.
  • Дали сте спремни да ги сносите можните последици? Ако се решите на секс без заштита, бидете свесни за можните последици од тоа – бременост и сексуално преносливи болести.

 

Слични написи

Најчестите грешки што се прават со кондомите

Biba

Што сакаат мажите повеќе: див секс или нежност и романтика

admin

Луѓето со повеќе сексуални партнери се помалку среќни во бракот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.