Забава

Денес е Меѓународниот ден на среќата

 

Меѓународниот ден на среќата – 20 март, е прогласен во ООН на предлог на Џејм Илиен, филантроп и поранешен специјален советник во ООН, и е прифатен со едногласно изгласување од сите 193 членки и донесување на Резолуцијата 66/281.

Во Резолуцијата се наведува дека прогласувањето на Ден на среќата е од исклучителна важност за зголемување на свесноста на човештвото за среќата како добробит.

Не е коинциденција тоа што основачот за овој ден ја одбрал токму пролетната рамноденица за глобално прославување на среќата. Според Илиен, пролетната рамноденица е универзален феномен кој го чувствува целото човештво. “Почетокот на пролетта е период на обнова и нови почетоци за сите”, вели тој, што го прави овој датум сосема соодветен за Меѓународен ден на среќата.

Илиен во 2012 година дошол на идеја да создаде меѓународен настан кој ќе ја нагласи потрагата по среќа како цел кон која треба да се стремат сите луѓе. Неговата иницијатива ја поддржал тогашниот Генерален секретар на ООН Бан Ки-мун и на 28 јуни 2012 година среќата била прогласена за фундаментално човеково право и резолуцијата била едногласно прифатена од сите 193 членки на Генералното собрание на  ООН.

Првиот официјален Меѓународен ден на среќата бил одржан на 20 март 2013 година.

Овој ден треба на сите да им биде потсетник дека за среќа не е нужно поминување низ светот на материјалното, славата или гламурот, туку се потребни пријателство, семејство и емоционална благосостојба.

 

Слични написи

Елитните руски воени падобранци за првпат со скок од 10.000 метри

Biba

Се продаде најскапото шише виски

admin

Необични факти за Земјата на Долгиот Бел Облак

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.