Забава

Се продаде најскапото шише виски

За 1,1 милион долари во Единбург, Шкотска е продадено најскапото шише виски.

Вискито Macallan Valerio Adami од 1926 година, аукционерската компанија Бонамс телефонски ја продаде на приватен колекционер од Азија.

Со оваа продажба го срушија претходниот рекорд, исто направен од нив, за продадено виски од нешто над 1 милион долари на колекционер од Хонг Конг.

Ова виски, кое експертите го нарекуваат “светиот грал” заради неговиот квалитет, било совршено добро складирано.

“Најсериозните колекционери ќе чекаат уште години да се појави виски со таков квалитет за да го имаат во својата колекција”, изјавил Мартин Грин, експерт за виски од Единбург.

Инаку, вискито е од лимитирано издание од само 24 шишиња, од кои добар дел биле уништени во земјотресот во Јапонија 2011 година, и не се знае бројот на зачуваните шишиња, така што цената на ова Macallan Valerio Adami виски може само да расте.

Слични написи

Отстранете го бигорот едноставно и брзо без триење

Biba

Принцот Џорџ наполни 5 години

Biba

Оригиналните ленти од слетувањето на Нил Армстронг на Месечината се продадени за само 218 долари

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.