Спорт

Мајк Траут стана најплатениот спортист на светот со договор од 430 милиони долари

 

Бејзбол играчот на Los Angeles Angels – Мајк Траут, со продолжувањето на договорот со матичниот тим стана најплатениот спортист на светот. Неговиот дванаесетгодишен договор ќе му донесе неверојатни 430 милиони долари.

Досегашниот најплатен спортист беше бејзбол играчот Брајс Харпер, кој за договор за 12 години инкасираше 330 милиони долари.

Траут, исто така, ќе има и најголема годишна плата и тоа од 36 милиони долари.

Ако се споредат најплатените играчи во четирите спортови во Америка, на Траут никој не може да му парира. Листата на најплатени играчи во САД во четирите најгледани спортови, е следната:

  1. Најплатен бејзбол играч е Мајк Траут со 430 милиони долари.
  2. Најплатен кошаркар е Расел Вестбрук со 207 милиони долари.
  3. Најплатен фудбалер е Мет Рајан со 150 милиони долари.
  4. Најплатен хокеар е Алекс Овечкин со 124 милиони долари.

 

Слични написи

Голманот на Јордан постигна гол од својот казнен простор

admin

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Roger Federer го освои својот 99-ти турнир во кариерата

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.