Забава

Најголемиот затворен водопад на светот

 

Светски познатиот архитект Moshe Safdie ја проектираше новата зграда на сингапурскиот аеродром Changi која ќе биде отворена на седумнаесетти април. Завршните работи се пред крај, а највпечатлив детаљ е магичната градина во чиј склоп се наоѓа најголемиот затворен водопад на светот.

Аеродромот Changi се простира на 130 000 квадратни метри, а изградбата се проценува на 1,2 милијарди долари. Највпечатливиот дел, водопадот Rain vortex има висина од 40 метри.

Невремето во Сингапур е честа појава, па Rain vortex, покрај естетската, ќе има и функција на одведување на 40 000 литри дождовница. Струењето на водата под куполата ќе го лади амбиенталниот воздух, а собраната дождовница ќе биде повторно користена.

Moshe Safdie во интервју ги повика архитектите да работат вакви проекти, со кои поради климатските промени, ќе може да се одговори на екстремните временски ситуации.

Околу водопадот ќе се наоѓа шумска долина со 200 видови растенија. Оваа градина на четири ката ќе биде една од најголемите затворени збирки на растенија во Сингапур.

Аеродромот во Сингапур е седми најфреквентен аеродром во светот и според статистиката, низ него поминале 65,6 милиони патници минатата година.

 

Слични написи

Болоња се бори против загадувањето со бесплатно пиво, сладолед и карти за во кино

admin

На Крим е отворен хотел со внатрешен дизајн како вселенски брод

admin

Писмо од Алберт Ајнштајн продадено на аукција за 32.000 долари

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.