Забава

Костим за капење од изолир лента кој повеќе открива отколку што сокрива

 

Модниот бренд Black tape project, минатата година претстави костим за капење од изолир лента. Според медиумите, овој костим за капење би можел да биде хит оваа година.

Основачот на брендот Joe Alvarez, минатата година беше во центарот на збиднувањата кога неговите костими за капење изработени од изолир лента се појавија на пистата на Miami Swim Week.

Оваа година брендот стартуваше нова линија на костими за капење преку Инстаграм. Модели како Priscilla Huggins и Alexis Michaud ги носеа костимите за капење.

Според коментарите, мислењето на фановите е поделено – од комплетно неприфаќање до восхитеност од тоа како изгледаат.

Својата инспирација за овој тренд, Joe Alvarez ја добил уште од времето кога пред десет години работел како фотограф. На една од фотосесиите еден од моделите побарал од него да користи лепливи ленти при фотографирањето. Бил збунет, но сепак решил да ја послуша и да направи фотосесија користејќи лента како облека. Едноставно ја обмотал манекенката со црна лента.

Сесијата била интересна и успешна, и му станала инспирација за сегашниот тренд.

Погледнете ги сликите и видеото од Miami Swim Week 2018.

 

 

Слични написи

Гинисов рекорд за најбрза колиба на тркала во светот

Biba

Работи што најверојатно не сте ги знаеле за Порше

Biba

Култни филмови кои малку фалело да не бидат снимени

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.