Технологија

Ќе се укинe ли зимското и летното сметање на времето

По завршувањето на интернет анкетата спроведена во границите на Европската унија на 4,6 милиони испитаници, јасно е дека желбата на Европјаните е да престане да се менува сметањето на времето на летно и зимско. Преку 80% од испитаниците се изјасниле дека сакаат да се задржи само летното.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер е уверен дека ЕУ ќе прејде само на летно сметање на времето. Изјави дека нема поента да ги анкетираш луѓето за тоа што сакаат, за потоа да го игнорираш нивниот став.

“Луѓето тоа го сакаат, и ние ќе го спроведеме”, изјави Јункер.

Сега, откако мнозинството на Европјаните решија за укинување на поместувањето на часовниците, на ред се државите членки на унијата и Европскиот парламент да решат за чекорите што треба да се направат понатаму.

Летното сметање на времето е уредено со Директивата 2000/84/ЕЗ. Во неа е пропишано дека земјите членки преоѓаат на летно сметање во последната недела на март, а се враќаат на зимско сметање на времето последната недела на октомври. Предлогот за промена на директивата ќе се прати до Европскиот парламент на расправа. Потоа се праќа на консултации во земјите членки. Кога ќе се договорат членките за новиот предлог на Директивата, се објавува, а земјите членки имаат одреден рок да го имплементираат во своето законодавство.

Останува да се следат процедурите и да се реши од кога официјално би се применувала промената.

Слични написи

Пронајди и резервирај летови брзо и едноставно на Petal Search

dart

Најпребарувани поими на Google за 2018 година

Biba

Возилата на Audi од 2024 година доаѓаат со 5G поврзување

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.