Сцена

Синди Крафорд и Керолин Марфи позираа голи за да докажат дека годините се само бројка

 

Легендарните американски манекенки Синди Крафорд и Керолин Марфи го поддржаа издавањето на книгата на модниот фотограф Расел Џејмс и позираа голи за збирката на фотографии Angels Collection Limited Edition.

“Не сум ангел на Викториас сикрет, не сакам да вежбам и имам 45 години. Се двоумев кога мојот пријател ме замоли да позирам потполно гола за неговата книга и да се појавам на страниците покрај некои од најневеројатните тела во светот. Бев многу нервозна и се чувствував несигурно на сетот, но на крајот тимот ми помогна да ми биде пријатно. Благодарам за поканата, ми помогна да се чувствувам пријатно во својата кожа и да се вратам на вежбањето”, напиша Керолин Марфи на Инстаграм.

Синди Крафорд исто така позираше гола, и двете манекенки покажаа дека времето не им може ништо и дека годините се само бројка.

“Како од мајка родена пред објективот на Расел Џејмс”, напиша кратко Синди Крафорд и му честиташе на својот пријател за книгата.

https://www.instagram.com/p/Bt_T2Lplww7/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/Bt_82Can_Ms/?utm_source=ig_web_copy_link

 

Слични написи

22 Јули, филм за Андерс Брејвик

admin

За Елизабет Харли годините не значат ништо

Biba

Мадона со уникатен начин на прославување на својот роденден

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.