Сцена

Мама миа! – Оскаровски бакнеж

Премиерата на вториот дел на популарниот мјузикл „Mamma Mia!“ во Лондон го одбележа сочниот холивудски бакнеж на двете оскаровки Шер и Мерил Стрип.

Фотографите го овековечија овој неочекуван потег, а корисниците на социјалните мрежи побрзаа да ја рашират фотката на 72-годишната Шер и 69-годишната Стрип, со коментари дека не им е баш најјасно што и зошто се случува.

Двете оскаровки во „Mamma Mia!Here we go again“ играат мајка и ќерка, па фановите останаа збунети која е целта на ваквиот, очигледно, ПР потег, за промоција на филмот за кој критичарите велат дека тешко ќе ја достигне славата на оригиналот од 2008 година што заработи над 600 милиони долари на киноблагајните  ширум светот.

Во продолжението, покрај Стрип и Шер, играат и Колин Фирт, Лили Џејмс, Енди Гарсија и други.

Слични написи

Ед Ширан заминува во привремена пензија

Biba

Суданката Adut Akech Bior прогласена за најдобар модел во светот

Biba

Моќниот Тор се повлекува од Холивуд

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.