Забава

Македонски краткометражен филм „Dogs of War” во трка за прво место на интернационален фестивал “My Rode Reel”

Македонската филмска екипа која пред две години освои прво место на “Film Convert Competition” со краткиот филм “Farewell” за бесцелноста на војната, во режија и продукција на Пеце Здравковски, повторно е во трка за првото место, но овој пат на поголем натпревар од интернационален калибар.

Краткиот филм „Dogs of War”  е единствениот претставник од Македонија и се натпреварува за прво место на најголемиот интернационален натпревар за краток филм „My Rode Reel” , организиран од компанијата RODE.

Филмот е драма во која се зборува за изборот помеѓу чесност и материјализам – изборот е очигледен. На разбојник фатен на сред ограбување патрола, единствениот начин да се спаси е да го изманипулира својот поранешен колега.

Инаку, гласањето за избор на најдобар филм трае до 5 септември и се врши на линкот https://www.rode.com/myrodereel/watch/entry/6078 . На овој линк воедно може и да се погледне филмот.

Во моментов „Dogs of War”  е на 3 место од вкупно 1616 филмови од цел свет.

Слични написи

Штрумфовите ќе наполнат 60 години

admin

Се продава накитот на Марија Антоанета

Biba

Костим за капење од изолир лента кој повеќе открива отколку што сокрива

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.