Забава

Луѓе риби – генетски адаптирани за престој во вода

Племето Бајау живее во југоисточна Азија и специфично за нив е тоа што можат да нуркаат без маски до длабочина од 70 метри и да останат под вода дури 13 минути.

Овие “супер луѓе” имаат способности неприродни за човекот, а истражувањата покажуваат дека се генетски прилагодени за престој под вода. Лекарите објаснуват дека луѓето од тоа племе имаат многу големи внатрешни органи кои им овозможуваат толку долго да останат под вода. Сето тоа се должи на одредени генетски мутации. Слезината им е за 50% поголема отколку кај останатите луѓе.

Живеат во неколку заедници ширум Индонезија, Малезија и Филипини. Живеат во куќи на вода, а експертите ги нарекуваат “странци на земјата”.

Нивната слезина, покрај основната функција, складира и црвени крвни зрнца. Научниците со ултразвук ја мереле слезината на 43 припадници на племето Бајау и на 33 припадници на племето Салуан. Откриле дека еден тип на ген наречен PDE 10A влијаел на зголемувањето на слезината кај племето Бајау. Исто така, научниците откриле дека луѓето што имаат една копија од мутираниот ген имаат поголема слезина од нормално, додека во случај на две копии на мутираниот ген тогаш слезината е значително поголема. Улогата на PDE 10A сѐ уште не е дефинирана.

“Веруваме дека луѓето од племето Бајау се прилагодиле и дека со адаптација им се зголемиле нивоата на хормоните на тироидната жлезда, со што е зголемена слезината. Истражувањата спроведени на глувци покажале дека зголеменото ниво на хормонот тиреотропин е поврзано со зголемување на слезината”,  изјавила Мелиса Илардо од Универзитетот во Кембриџ.

Слични написи

Во продажба McLaren за 300 евра

Biba

Најлутата пиперка во светот вклучена во Гинисовата книга на рекорди

dart

Кристијано Роналдо со нова скапа играчка

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.