Спорт

Франција со бронза на СП во ракомет

По денешниот натпревар за третото место на СП во ракомет помеѓу Франција и Германија, дома со бронзен медал си оди репрезентацијата на Франција.

Во мечот исполнет со неизвесност, Геманците започнаа со многу поквалитетна игра за разлика од Французите и првото полувреме го завршија со 4 гола предност, со резултат 13:9.

Мистерија е како репрезентација која отсекогаш го вложувала максимумот во текот на целиот натпревар, до последната секунда, успеа да прокоцка толкава предност, да прокоцка бронзен медал и да ги разочара своите навивачи.

На почетокот од второто полувреме Франција успеа да се консолидира, да ја намали разликата во однос на Германија, и во последните десетина минути да дојде до резултатска еднаквост и да игра до крајот на натпреварот со гол за гол.

Последните минути од натпреварот беше игра на нерви, во случајов Французите беа посмирени  и успеаја во последниот момент со голот на Карабатиќ да дојдат до бронзениот медал, со резултат 25:26.

Слични написи

Ѓоковиќ поразен од Зверев во финалето на Мастерсот во Лондон

admin

Му има ли спас на актуелниот Реал?

Biba

Почина Серџо Маркионе, поранешниот шеф на Фиат

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.