Забава

На Крим е отворен хотел со внатрешен дизајн како вселенски брод

Несекојдневен хотел со внатрешен дизајн како вселенски брод е отворен во градот Алушта, на Крим. Хотелот е дел од комплекс кој има музеј и забавен парк.

Хотелот е наречен “The Guardian of the Empire” им нуди на посетителите единствена можност да поминат некое време во специјални “вселенски” кабини опремени со мини-бар и ТВ. Фановите на научна фантастика можат да пробаат протеински таблети и специјални кациги.

“Ова е неверојатен објект. Можете да уживате во прекрасна атмосфера, да заборавите на секојдневните проблеми и да доживеете убави моменти и позитивна енергија”, изјави еден од посетителите на хотелот.

Гостите можат да пробаат и интергалактички свет инспириран од франшизата на Star Wars, да ги пробаат 3Д симулаторите на летање во вселената, да се забавуваат со ласерските топови, дури и да пробаат “вистинска” вселенска храна.

Хотелскиот музеј е посветен на историјата на истражувањето на вселената, а експонатите се поврзани со вистински луѓе како Јуриј Гагарин и измислени ликови како Дарт Вејдер.

Слични написи

Јужна Кореја ја забрани продажбата на кафе во училиштата

Biba

Трите најчести грешки при перење алишта кои ја уништуваат облеката

dart

Програма во МКЦ по повод 55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.